Почина навивачот кој колабираше на мечот меѓу Финска и Полска

Уште еден тажен момент на фудбалските стадиони. Навивачот кому во вторникот му се слошило на стадионот во 72. минута од квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Финска и Полска во Хелсинки, еден ден подоцна починал во болница, јави француската новинска агенција АФП, повикувајќи се на веста на финската полиција.

Откако на навивачот му се слоши, му беше укажана итна медицинска помош на трибините и натпреварот беше прекинат 40 минути. Иако итно бил пренесен во болница, за жал лекарите не успеале да го спасат.

Ова е втор смртен случај на навивач на меѓународен натпревар во последната недела, во неделата на финалниот натпревар од Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија во Минхен, навивач почина по пад од горната на долната трибина.

Се вчитува...