Тажна вест доаѓа од Келн каде викендов во „Ланксес арената“ се играше завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.
Во трилер натпревар Магдебург стигна до титулата откако славеше над Кјелце по продолженија, но се ќе помина во сенка на починатиот полски колега Павел Котвица.
На десетина минути до крајот на регуларниот дел Котвица колабираше во „Ланксес арената“, по што натпреварот беше прекинат, а лекарските екипи се обидоа да му укажат помош.
ЕХФ објави за смртта на Котвица по доделувањето на медалите, а пресот што требаше да се одржи беше откажан
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА