Тажна вест пристигна од Холандија. Тијс Слегерс, новинарот за кого солза пушти и Златан Ибрахимовиќ , почина на 46-годишна возраст.
Популарниот Ибра емотивно говореше за својот пријател во февруари месец кога се дозна за тешката болест од која боледува Холанѓанецот.
„Тој беше мојот единствен пријател во Холандија, кога бев млад, збунет и мислев дека немам никој таму. Тој новинар се појави и самиот ме контактираше, а во тоа време новинарите не ми беа пријатели. Решив да се јавам, да го направам првиот контакт, ручавме и оттогаш станавме многу добри пријатели. Игравме тенис, се дружевме, а тој многу ми помогна. Пишував и за Тијс во мојата книга, секогаш бев благодарен за сè. Сè уште бевме во контакт и можам да кажам дека тој секогаш беше во моето срце“, изјави Ибрахимовиќ во февруари месец кога се дозна за тешката болес на холандскиот новинар.
Слегерс боледуваше од акутна леукемија, која напредува со неверојатна брзина. Последниве години работеше во ПР-одделот на ПСВ, а на почетокот на годината лекарите му ја дадоа најлошата вест дека не можат да го спасат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА