Во пресрет на почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот, најбрзиот циркуз на светот го погоди тажна вест. На 66-годишна возраст почина директорот на трките Чарли Вајтинг, кој во својот мандат воведе сигурносни мерки за возачите. Причината за смртта на Вајтинг е емболија на белите дробови.
Смртта на Вајтинг предизвика голема тага кај сите кои се поврзани со Ф1-шампионатот, а посебно кај возачите од кои Британецот имаше најголема поддршка.
Вајтинг е најзаслужен за вградувањето на прстенестите бариери над главите на возачите, кои ги штитат од тешки удари.
Новата сезона во Ф1, почнува овој викенд со трката за Големата награда на Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА