Олимпискиот победник во слалом од 1992 година, Кристијан Јаге изненадно почина во 54. година од животот, објави Норвешкиот олимписки комитет. Јаге во Албервил во 1992 година направи големо изненадување освојувајќи го златниот медал, пред бранителот од претходните игри и големата ѕвезда на алпското скијање, Италијанецот Алберто Томба.
Норвежанецот по првата трка имаше 1.07 секунда подобро време од трикратниот златен медалист од слалом, а на крајот Томба доцнеше само осум стотинки зад времето на сензационалниот победник. Во кариерата покрај златото од Албервил, Јаге имаше уште седум слаломски победи во светскиот куп. Кариерата ја заврши во 2000 година.
Norwegian Alpine skier Finn Christian Jagge passed away at the age of 54. He represented Norway at four Olympic Winter Games (1988-1998). In Albertville (1992) he won the Gold medal in the men’s Slalom event.https://t.co/pFtbieYxMP#Olympics #Alpineskiing #Norway pic.twitter.com/t2kdCSphmx
— Lost Olympians (@LostOlympians) July 8, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА