Поранешниот играч на Реал Мадрид, Хавиер Дорадо, почина на 48-годишна возраст, по долго боледување.
Шпанецот беше дел од младинската академија на „кралевите“ од 1996 година, пред да биде промовиран во првиот тим три години подоцна под водство на Висенте дел Боске.
„Реал Мадрид изразува сочувство до семејството, соиграчите и сите што го сакаа и до сите клубови во кои тој беше член“, објави Реал.
Поранешниот лев бек за „кралскиот“ клуб дебитираше во 1999 година на натпреварот против Валенсија во Купот на кралот, а една сезона подоцна го освои трофејот во Лигата на шампионите победувајќи ги „лилјаците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

