Почина поранешен фудбалер на Волфзбург

Почина поранешниот фудбалер на германскиот бундеслигаш, Волфзбург, Сергеј Каримов, соопштија од клубот. Тој почина на 33. годишна возраст, а причината за смртта се уште е непозната.

Фудбалерот кој по потекло е од Казахстан целата кариера ја помина во Германија. Беше дел од вториот тим на Волфзбург, а своевремено играше и за првиот тим. Покрај за Волфзбург тој настапуваше и за екипата на Дуизбург.

 

Се вчитува...