Уште една тажна вест од светот на фудбалот. По трагичната смрт на Матија Шаркиќ, кој почина на 26-годишна возраст, од Островот пристигна уште една шокантна вест. Кевин Кембел, легендарниот напаѓач на Арсенал и Евертон, почина на 54-годишна возраст, по кратка битка со болеста.
Токму Арсенал се прости од Кембел на социјалните мрежи. Кембел помина низ младинската академија на Арсенал, а потоа помина седум години во сениорскиот тим на „топчиите“. За нив одигра 213 натпревари на кои постигна 59 голови. Потоа се пресели во Нотингем Форест, па во турски Трабзон, за да игра за Евертон уште седум сезони. Крајот на кариерата го помина во Вест Бромвич Албион, а потоа и во Кардиф.
We are devastated to learn that our former striker Kevin Campbell has died after a short illness.
Kevin was adored by everyone at the club. All of us are thinking of his friends and family at this difficult time.
Rest in peace, Kevin ❤️ pic.twitter.com/Kiywyo7nTr
— Arsenal (@Arsenal) June 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА