Поранешен НФЛ играч почина на 31-годишна возраст

Поранешниот дефанзивец на Каролина Пантерс во НФЛ лигата Крис Смит, почина на 31-годишна возраст, објави неговиот агент Дру Розенхаус.

Причината за смртта на момчето кое оваа година играше во „Екс-еф-ел“ за Сиетл Си Драгонс не е објавена.

Во 2014 година, Смит пристигна во Џексонвил во петтата рунда на драфтот. Во тој тим помина две години, а потоа ги носеше дресовите на Синсинати, Кливленд, Лас Вегас и Хјустон.

Во 2019 година, неговата девојка беше убиена кога на неа удри автомобил во Кливленд. Непосредно пред тоа, парот доби ќерка.

Се вчитува...