Почина поранешен НФЛ играч

Поранешниот НФЛ играч кој настапуваше во „франшизите“ на Тампа Беј Баканерс и Бафало Билс, Мајк Вилијамс почина во вторникот, неколку дена по инцидентот на градилиштето во Тампа, во кој заработи тешка повреда.

Медиумите неодамна објавија неточни информации дека 36-годишникот го загубил животот пред неколку дена. Смртта на Вилијамс овој пат ја потврди неговиот агент Хедли Енгелхард.

Вилијамс бил на интензивна нега во болница во Тампа, каде се борел со повредите здобиени на градилиште. Неговата смрт е шокантна бидејќи угледниот локален весник, Тампа Беј Тајмс, објави дека поранешниот фаќач можел сам да дише од четвртокот.

Поранешниот фаќач помина пет сезони во НФЛ. Четири години беше дел од Тампа Беј, а последната ја помина во екипата на Бафало.

Се вчитува...