Долгогодишниот претседател на Интернационалниот Олимписки Комитет, Жак Рог, почина денеска на 79-годишна возраст. Трагичната вест ја потврди ИОК, обелоденувајќи дека Рог ја загубил најважната битка.
„Со голема тага објбавуваме дека почина поранешниот претседател на ИОК, Жак Рог. Тој имаше 79 години“, објавија од ИОК.
Рог беше осми претседател во историјата на оваа институција, што ја извршуваше од 2001 до 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА