Поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ го загуби животот откако му се слоши на натпревар, објавија медиумите од Србија.
Жижовиќ кој неодамна го превзема Раднички мораше со брза помош да биде префрлен во болница откако му се сложи за време на натпревар од шампионатот, а таму за жал, ја загуби најголемата битка.
Во текот на кариерата која траеше од 1997 до 2016 година Живковиќ настапуваше за повеќе екипи на Балканот, а во 2017 година ја започна и тренерскта кариера која го доведе до Шкупи кој го предводеше од 2023 до 2024 година.
Исто така беше дел и од босанскиот клуб Борац Бања Лука со кого испиша историја со пласманот во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

