Македонските зимски спортови останаа без една од најзначајните свои фигури во историјата. Во Скопје ненадејно, на 73-годишна возраст, почина претседателот на Скијачка федерација на Македонија, Владимир Пановски долги години присутен во македонскиот спорт, пред се како член на скијачкиот клуб Работнички од Скопје.
Во Скијачката федерација Македонија беше активен од 2002 година, како долгогодишен потпретседател, а од 2018 година и претседател на федерацијата. Како голем спортски работник, вљубеник во скијањето и општо во спортот, заслужен е за напредокот на овој спорт во нашата земја, а особено во обезбедувањето на квалитетната соработка со ФИС (Меѓународната скијачка федерација), ИБУ (Меѓународната бијатлон федерација), Олимпискиот комитет на Македонија, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Пановски активно се занимаваше со спорт до крајот на својот живот.
Во време на својата активост особено се залагаше за унапредување на квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија и во обезбедување на средства за омасовување и напредок на млади-надежни натпреварувачи и усовршување на стручни кадри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА