Легендата на женскиот тенис Леа Париколи почина на 90-годишна возраст. Таа беше тениска и модна икона и засекогаш ќе остане запаметена по тоа како ги спои тенисот и модата.
Во однос на успехот во тенисот, прославената Италијанка еднаш стигна до второто коло на Австралија опен, четири пати до второто коло на Ролан Гарос и три пати до четвртото коло на Вимблдон.
Во двојки играше во четвртфиналето на Вимблдон во 1960 година и во полуфиналето на Ролан Гарос во 1964 година. Во 1955 година, Леа играше на Вимблдон во опрема дизајнирана од познатиот Тед Тинлинг, поранешен тениски функционер, моден дизајнер и шпион за британското разузнавање за време на Втората светска војна.
Нејзиниот стајлинг привлече големо внимание, па во 2001 година изјави дека станала ѕвезда поради облеката, а не поради нејзината игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА