На 86-годишна возраст во Мостар почина Фрањо Џидиќ, поранешен фудбалер на мостарски Вележ, тренер на Зрињски и прв професионален тренер на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ.
Џидиќ со Зрињски го освои шампионатот на БиХ во 2005 година, а како тренер остави неизбришлива трага на бројни генерации фудбалери, меѓу кои и Модриќ.
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ минатата година го посети во Мостар, за време на промоцијата на документарниот филм за историјата на клубот основан во 1905 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА