Сопругата на легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, Лејди Кети Фергусон, почина на 84-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Семејството Фергусон попладнево преку соопштение ја потврди смртта на Лејди Кети.
Кети и Сер Алекс се запознале кога менаџерот на Јунајтед имал 23 години во 1964 година и се венчале две години подоцна. Тие поминаа 57 години во брак. Имаа три сина, Марк роден во 1968 година и близнаците Џејсон и Дарен родени во 1972 година.
„Со длабока тага ја потврдуваме вчерашната смрт на леди Кети Фергусон, која ги остави нејзиниот сопруг, три сина, две сестри, 12 внуци и едно правнуче. Семејството во овој момент бара приватност“, соопшти семејството Фергусон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

