Почина Стирлинг Мос, британскиот возач на Формула 1, еден од најголемите автомобилисти кој никогаш не освоил првенство поради што е наречен „крал без круна“.
Мос беше пет години клупски колега во Мерцедес на Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо, кој, пак, петпати беше светски шампион. Британецот 16 пати е победник на трките за Големите награди во периодот од 1950 до 1960 година.
Четири пати заврши како втор на крајот од сезоната (во 1955, 1956, 1957 и 1958 година), трипати како трет. Ниту еден друг возач не победил на толкав број трки за ГН во Формула 1 а да не успеал да стигне до титулата.
Мос, исто така, е првиот Британец која ја освои Големата награда на Велика Британија победувајќи го Фанџо во 1955 година. Неговото име на Островот е синоним за брзина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА