Почина таткото на Кевин Лав

Поранешен НБА кошаркар, Стен Лав почина во понеделникот. Стен Лав е поранешен американски кошаркар кој студирал во Орегон, а играл во НБА за Балтимор Булетс, Лос Анџелес Лејкерс и во АБА лигата за Сан Антонио Спурс.

Неговиот син Кевин Лав во моментов е во Мајами Хит. Кевин Лав објави дека неговиот татко Стен починал.

„Тато, горд сум што сум твој син. Мојата единствена надеж е дека си горд на мене бидејќи тоа е се што сум сакал. Ти благодарам за се”, напишал Кевин Лав.

Кариерата на Стен беше краткотрајна. Професионално играше кошарка од 1971 до 1975 година и за тоа време одигра 226 натпревари на кои забележа 6,8 поени и 4 скока. Во АБА лигата одигра само 12 натпревари за Спурс и имаше просек од 2,4 поени и 2 скока.

Се вчитува...