Почина Тима Џебо, легендарната кошаркарка на БиХ

Тима Џебо, легендарната кошаркарка од Босна и Херцеговина почина на 61-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Џебо ќе остане запомнета по успешните настапи за репрезентацијата на Југославија, а подоцна и за Босна и Херцеговина.

Кошаркарката која во текот на кариерата настапуваше за сараевски Железничар, Ступчаница, Шибеник, Единство Аида и Језица со Југославија го освои сребрениот медал во 1990 година, а подоцна и златниот медал со БиХ на Медитеранските игри.

Во ноември минатата година доби награда за животно дело за доприносот и развојот на женската кошарка во БиХ од страна на клубот Плеј оф Ултра.

Се вчитува...