На 93-годишна возраст почина Френк Лејден, легендарниот поранешен тренер на НБА тимот на Јута Џез, кој беше и генерален директор на клубот од Солт Лејк Сити.
„НБА тагува по смртта на легендата на Јута Џез, Френк Лејден. Тој беше наградуван тренер и исклучителен кошаркар“, соопштија од НБА лигата.
Лејден беше тренер на Јута од 1981 до 1988 година, а во тој клуб ја извршуваше и функцијата генерален менаџер. Лејден беше одговорен за доведување во клубот на легендарното дуо Џон Стоктон – Карл Мелоун, кое цела деценија потоа го водеше клубот до одлични резултати, иако Јута остана без крајната цел, шампионската титула.
Лејден и Јута го избраа Стоктон со 16. пик на драфтот во 1984 година, додека една година подоцна го избраа Карл Мелоун со 13. пик.
Лејден беше заменет на тренерската клупа на Јута во 1988 година од легендарниот Џери Слоун, кој му беше помошник на Лејден три години. Слоун потоа беше тренер на тимот од Солт Лејк Сити до 2011 година, а почина пред пет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

