Почина уште една легенда на Ливерпул и на англискиот фудбал

Англискиот фудбал остана без уште една легенда откако денеска на 83-годишна возраст почина поранешниот голгетер на Ливерпул и на „гордиот албион“, Роџер Хант.

Хант останува запаметен како втор најдобар стрелец во историјата на Ливерпул, со 285 постигнати гола на 492 натпревари. Тој пристигна на „Енфилд“ во јули 1958 година од аматерскиот тим Стоктон Хит, по што мина единаесет успешни години во дресот на Ливерпул.

Роџер Хант исто така беше стандарден првотимец во англиската репрезентација при легендарниот успех во 1966 година, кога „гордиот албион“ стигна до златниот медал. Хант беше стрелец на три гола за Англичаните на овој мундијал.

Се вчитува...