Раководството на Ливерпул ги воодушеви навивачите на трофејниот клуб со одлуката една од трибините на легендарниот стадион „Енфилд“ да го добие името Кени Далглиш.
Најдобриот фудбалер во историјата на „црвените“ освојуваше трофеи и како играч и како тренер на Ливерпул, па американските газди на Ливерпул решија на ваков начин името на Далглиш да остане засекогаш дел од еден од најголемите англиски клубови.
Главната трибина на стадионот беше целосно реновирана во текот на минатото лето, а промоцијата на зголемениот капацитет на клубот се случи на стартот на сезонава, за денеска да биде обелоденето дека токму најголемата трибина во иднина ќе го носи името на големиот ас.
„Во Кени Далглиш имаме личност што е толку значајна за основните клетки на нашиот клуб, така што чувствуваме обврска на ваков начин да го потенцираме сето она што тој го има сторено за Ливерпул. Придонесот на Кени е многу поголем од постигнатите голови и освоените бодови, поголем од многуте трофеи што ги има во својата колекција. Неговите вредности се и вредности на Ливерпул, тој го претставува најдоброто од нашиот клуб“ – изјави првиот човек на Ливерпул, Џон Хенри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА