Почит за селекторот: Босанците слават со песна „Дуле Вујошевиќ“ (видео)

И додека ние не знаеме што не снајде, уште помалку дали и како може макар и на долг рок да се најде решение, Босанците имаат за што да се радуваат. Играа клучен меч против Ерменија, на гостински терен, на клупата го немаа селекторот Вујошевиќ, но сепак успеаја да победат и да се пласираат во главната квалификациска рунда.

Атмосферата во босанскиот состав беше фантастична, а победата беше посветена на селекторот Душко Вујошевиќ, кој поради влошената здравствена состојба не можеше да отпатува со националниот тим во Ереван. Тие со песна го поздравија Вујошевиќ, кој доколку ги надмине здравствените проблеми сигурно ќе ја води селекцијата на БиХ во претстојните квалификации за СП 2019 во Кина.

Slavlje u autobusu by goloviliga

Се вчитува...