Почитувајте ги навивачите – говорот на селекторот на Саудиска Арабија што донесе пресврт против Аргентина

Саудиска Арабија со чудесен пресврт во второто полувреме стигна до сензационална победа над Аргентина на СП во Катар.

Една од причините сигурно е и беспрекорната тактика што ја постави селекторот Ерв Ренард, а денеска се појави и видео од соблекувалната на полувремето, на кое се гледа како францускиот стратег ги мотивира своите фудбалери.

„Почитувајте ги навивачите“, вреска Ренард кон своите играчи, барајќи далеку поголемо залагање отколку во првото полувреме во кое Аргентина целосно доминираше, а покрај постигнатиот гол на Меси имаше и три поништени погодоци со ВАР.

Советите вродија со плод, Саудиска Арабија одигра извонредно второ полувреме и стигна до најголемата победа во својата фудбалска историја.

Се вчитува...