ПОЧНА ЕУФОРИЈАТА: Се бара билет повеќе, уапсен првиот препродавач…

Еуфоријата пред вечерашниот УЕФА Суперкуп во главниот град на Македонија се чувствува веќе интензивно и преку потрагата по билет повеќе за поединците кои не успеаја да го обезбедат потребното парче хартија за присуство на „Телеком арената“.

Дел од љубителите на фудбалот се во жестока потрага по билети, а Министерството за внатрешни работи на РМ веќе информираше дека е уапсено и првото лице од Скопје кое преку интеренет се обидело да продаде два билети за Суперкупот за сума од 600 евра

41-годишниот скопјанец, кој е лоциран преку телефонски контакт, бил приведен во текот на вчерашниот ден откако полицијата извршила претрес во неговиот дом. При претрес во неговиот дом полицијата ги нашла билетите, а одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичката како докази во постапката.

DSC_0010

Со новите измени на Кривичниот законик, кои неодмана  беа иницирани и донесени токму поради Суперкупот, за препродажба на билети е предвидена парична или казна затвор до една година.

Се вчитува...