Фудбалската репрезентација на Грузија оствари победа во првиот меч од новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации. Грузијците славеа со 0-2 на гости против Казахстан и најавија дека имаат големи амбиции во ова натпреварување.
Младиот Георги Чакветадѕе во 69.минута го донесе водството за Грузија, а вториот погодок всушност беше автогол на Сехеј Малиј.
Вечерва (20.45 часот) и македонската фудбалска репрезентација ќе го игра првиот меч од Лигата на нации, на гости против Гибралтар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА