Финалето на Купот на Македонија меѓу ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум ќе се одигра на 21. мај (среда) 2025 година, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Продажбата на билети започнува денеска и се одвива електронски преку платформата на ФФМ, eticket.ffm.mk.
Цената на билетите е 100 денари (јужна и северна трибина) и 50 денари за западна трибина (наменета за навивачите на ФК Вардар).
Поддржете го вашиот клуб и уживајте во вистински фудбалски празник, порачуваат од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

