Дека Баерн ќе доживее многу промени во следниот период е повеќе од јасно, откако на тимот му остана само титулата во Лигата на шампионите како можна опција за пехар сезонава, откако заостанува цели осум бодови од Баер Леверкузен на табелата во Бундеслигата, а во Купот беше елиминиран од третолигаш.
На Баерн не му цветаат рози ниту во Лигата на шампионите, каде на реваншот во 1/8 финалето во Минхен против Лацио треба да брка победа од два разлика за да продолжи во следната фаза.
Но, неминовно е дека ќе има промени во таборот на „Баварците“, откако првиот кој го кренал својот глас против тренерот Томас Тухел, е еден од капитените на тимот, Џош уа Кимих.
Кимих наводно им порачал на челниците на Баерн дека ќе го напушти клубот по звршувањето на сезоната, доколку на клупата остане Томас Тухел, пишува „Билд“. Изданието пишува дека наводно и други играчи биле подготвени на ваков чекор, и тоа оние поискусните. А, познато е како завршува во минатото кога легендите на клубот ќе застанат контра тренерот.
На Тухел деновите во Баерн му се одбројани, а на клупата најверојатно се враќа Ханс Флик. Прашањето е само дали ќе му се даде на екс тренерот на Баварците долгорочен договор, или до крајот на сезоната, па потоа да се водат преговори за продолжување на истиот.
По поразот од Бохум, челниците на Баерн порачаа дека имаат доверба во Тухел, и дека нема да дојде до тренерска смена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА