Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, истовремено бил во врска со девет жени. Ова денеска го откри Кејт Гревил, на судењето кое започна денеска, а Гревил го обвини фудбалерот за напад и нанесување на телесни повреди.
Гревил пред Кралскиот суд во Манчестер открила дека Велшанецот, покрај неа, одржува контакт со уште осум жени, и поради тоа одлучила да го остави.
„Она што го пронајдов на неговиот ајпод, беше најлошо нешто што можев да замислам. Имаше афера со осум жени додека беше со мене, тоа беа сериозни врски“, изјави Гребил.
Гигс е обвинет дека во 2020 година ја нападнал Кејт Гревил, нанесувајќи и телесни повредени во неговата куќа. Тој е обвинет и за напад на нејзината млада сестра Ема, во текот на истиот инцидент. Велшанецот наводно со нога ја шутирал својата поранешна девојка кога му соопштила дека го остава, а нејзината сестра ја удрил со лакот во вилица.
Гревил рекла дека тоа не било првпат Гигс да биде насилен.
„Полуде во хотелот, ме грабна и ме влечеше по бод. Ме исфрли надвор, а работите ги исфрли на улица. Се чувствував понижено и посрамено“, изјави Гревил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

