Почна судењето во Турција против претседателот тепач: „Се каам, ова ми е првпат…“

Денеска во Турција стартуваше судскиот процес против поранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча, кој физички го нападна главниот судија Халил Мелер на крајот од натпревар на неговиот тим во турскиот шампионат.

Судијата Мелер доби тешки телесни повреди, а претседателот тепач од Турскиот фудбалски сојуз доби доживотна забрана за било каква функција во фудбалот. Сега, со стартот на судскиот процес му се заканува и затворска казна во траење од една па и до 13 години затвор.

Во првата изјава пред Судот, Коча изјави дека се кае за направеното…

„Делот дека сум испраќам закани не е точен. Тоа беше напад во афектна состојба. Првпат во животот се впуштив во физички судир со било кого. Веќе изразив жалење до јавноста, а сега повторно искажувам жалење и пред судот. Навистина се каам“ – изјави Коча.

Судењето ќе продолжи на 28. февруари. Коча е суспендиран доживотно од фудбалот, а претходно Анкарагучу доби казна од 70.000 долари и пет натпревари суспензија на стадионот.

Се вчитува...