Италијанскиот првак Јувентус е подготвен да го испрати Аргентинецот Гонзало Игуаин во Челси, а во спротивна насока треба во Торино да се врати Алваро Мората. Шпанецот бара начин да си замине од „Стемфорд бриџ“, негова желба е повторно да го носи дресот на „старата дама“, а тренерот Масимилијано Алегри со радост ја прифаќа оваа можност и веќе ја одобрил големата размена.
Челси го плати Алваро Мората 80 милиони евра, но неговата цена падна по слабата сезона, а тој инсистира да се врати во Италија поради сопругата Алис. Јувентус имаше желба да го доведе Марсијал, но се откажа од оваа варијанта кога Манчестер јунајтед побара 90 милиони евра за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА