Осумнаесет лица се приведени во Турција како дел од истрагата против фудбалски судии и службени лица осомничени за местење на натпревари, соопшти денеска канцеларијата на обвинителот во Истанбул. 17 судии и еден претседател на клубот Ејуспор се меѓу приведените, а има налози за апсење на уште три лица.
Истрагата е фокусирана на сомневања за „злоупотреба на службена положба“ и „влијание врз исходот на натпревар“.
Според информациите на весникот „Сабах“, меѓу судиите со налог за апсење се Ахмет Киванч Кадер, Ариф Ташкин, Баран Караман, Батухан Топчу, Бедирхан Ефе Акдоган, Џихад Бујурган, Еркан Арслан, Мирач Јилдирим, Мустафа Озел, Невзат Окат, Нурула Кербаш, Сабри Емфункл, Умут Каптан, Јакуп Јапиџи и Јасин Шен. Налози за апсење се издадени и за претседателот на Ејупспор Мурат Озкаја, сопственикот на Касимпаша Тургај Чинер и поранешниот претседател на клубот Фатих Сарач под обвинение дека „влијаеле на исходот на натпреварување“. Последните двајца наводно се во странство.
Минатиот петок, Дисциплинскиот одбор на Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 149 судии обвинети за учество во спортско обложување, што е спротивно на забраната што им е наметната со прописите. Казните се движат од осум до 12 месеци, се вели во соопштението на ТФФ. Додаде дека се во тек истраги за тројца други судии кои исто така биле вклучени. Федерацијата не соопшти дали некој од службените лица е осомничен за обложување на натпревари што самите ги суделе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

