Почнаа да летаат оставки во организацискиот одбор за СП 2026

Шефицата на шпанскиот организациски одбор за Светското првенство во 2030 година, Марија Тато, поднесе оставка откако беше обвинета дека манипулирала со критериумите за избор на локацијата во корист на градот Сан Себастијан, пишува весникот „Ел Мундо“.

Според шпанските весници, Марија Тато ја поднела својата оставка до претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Рафаел Лузан, кој ја прифатил.

Врз основа на снимките што ги објави, „Ел Мундо“  Тато и нејзиниот тим се обвините дека ги промениле критериумите за избор, така што стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан ќе биде меѓу домаќините на Светското првенство во 2030 година, чии кодомаќини се Мароко и Португалија, на штета на стадионот „Балаидос“ во Виго.

Марија Тато, адвокатка по професија и поранешен директор на Атлетик Билбао, е сменета како шеф со Луис Рубиалес, поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал, кој неодамна беше казнет поради сексуален напад врз Џени Хермосо по финалето на Светското првенство во 2023 година.

Се вчитува...