Жоан Лапорта денеска ја разбранува јавноста со објавата дека Супер-лигата во фудбал и официјално ќе стартува од сезоната 2025/26, притоа објавувајќи и листа на клубови за кои првиот човек на Барса тврдеше дека веќе дале зелено светло за да бидат дел од ова натпреварување.
Според неговите зборови, тоа се Барселона, Реал, Интер, Милан, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, Феенорд, Андерлехт и Бриж, кои за учеството ќе добијат по 100 милиони евра. И се ќе беше во ред ако еуфоријата меѓу приврзаницата на Супер-лигата не траеше само неколку часа, откако дел од споменатите клубови јавно го демантираа Лапорта.
„Наспроти последните информации, сакаме да ставиме до знаење дека нашиот став е непроменет. Рома нема да учествува во таканаречената Супер-лига ниту на било кој начин ќе го поддржи овој проект. Остануваме максимално посветени на соработката со УЕФА“, објави „римската волчица“, а само неколку часа подоцна со соопштение со слична содржина се јави и Феенорд.
Патот кон Супер-лигата е тежок, јасно е дека Реал Мадрид и Барса ќе настојуваат проектот да се реализира поради пребогатите премии што следат како награда, но ако продолжат откажувањата јасно е дека ова натпреварување со квалитетот ќе биде далеку под Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

