Сантијаго Солари одлично ја почна тренерската одисеја на клупата на Реал Мадрид, го освои и Светското клупско првенство во ОАЕ, но едно реми, а потоа и пораз во Ла Лига е сосема доволно за да ја почувствува жештината во „кралскиот клуб“. На „Сантијаго Бернабеу“ се признаваат само победи, се друго е неуспех, иако тој се обидува да објасни дека нерешениот резултат против Вилјареал на гости и не е така лош за тимот. Сепак, дојдоа критиките, посебно по синоќешниот пораз од Реал Сосиедад на домашен терен.
Шпанските медиуми предвидуваат дека Солари нема да ја задржи тренерската позиција и следната сезона доколку не успее да освои најмалку еден голем трофеј. Со оглед дека во Ла Лига „кралевите“ се наоѓаат на петтото место и имаат негатива од седум бода во однос на Барселона, најмногу надежи се полагаат во одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак на стартот од нокаут фазата во елитното натпреварување ќе ги одмери силите со Ајакс, но ќе има уште многу борба за да го задржи пехарот во своите витрини. А, само таков трофеј би можел да му обезбеди на Сантијаго Солари уште една сезона на клупата на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА