Почнаа малерите за Србија – крај на СП за Немања Зеленовиќ

Репрезентацијата на Србија веќе по првото коло на СП 2019, остана без десниот бек, Немања Зеленовиќ. Повредата со која се здоби српскиот репрезентативец на дуелот со Русија се покажа многу посериозна отколку што се чинеше во прв момент. Според информациите од српскиот табор, Зеленовиќ има руптура на внатрешниот дел на колатерлниот лигамент и за него Мундијалот е завршен.

На местото на Зеленовиќ, селекторот Ненад Перуничиќ  дополнително го повика младиот десен бек на Металопластика, Милан Милиќ.

Србија вечерва го игра вториот натпревар во групата А против селекцијата на Франција.

Се вчитува...