Почнаа преговорите Јувентус – Манчестер Јунајтед

Јувентус мора да ги засили редовите ако сака да се бори за титулата во Калчо-лигата, а високо на листата со желби на „старата дама“ се наоѓа Џејдон Санчо, англискиот крилен офанзивец кој се наоѓа на излезна врата од Манчестер Јунајтед. Ерик тен Хаг инсистира што поскоро клубот да се ослободи од Санчо, но недостигот на заинтересирани купувачи придонесува единствена опција за јануари да биде позајмица.

Токму ова и му одговара на Јувентус, па претставниците на „старата дама“ веќе имале првични преговори со Јунајтед. За „црвените ѓаволи“ е проблем превисоката плата што ја зема Санчо кој воопшто не тренира со првиот тим, па англискиот гигант инсистира Јувентус во случај на позајмица да покрие 70% од неговата плата. Покрај тоа, Јунајтед бара во договорот за позајмица да има и клаузула за задолжителен откуп на крајот од сезонава во висина од 50 милиони евра.

Ова е проблем за Јуве, со оглед на фактот дека италијанскиот клуб не сака да се врзува со договор за скап играч без да се увери дека Санчо ќе се адаптира на италијанскиот фудбал.

Кај двете страни сепак постои простор за компромис, се со цел веќе на почетокот од декември да бидат договорени сите детали, за Санчо од 1 јануари и официјално да се пресели во Јувентус.

Се вчитува...