Почнаа проблемите – војна во Ал Итихад: Тренерот не го сака Бензема во тимот

Беше само прашање на време кога константното купување на звучни фудбалски имиња без посебна стратегија ќе донесе проблеми во клубовите во Саудиска Арабија. Неочекувано, првиот посериозен проблем се однесува на Карим Бензема, одличниот француски голгетер кој пред две години беше избран за најдобар светски играч, а сега се мачи во тимот на Ал Итихад.

Бензема дојде од Реал Мадрид како огромно засилување, за плата од над 100 милиони евра, но Французинот засега не се снаоѓа најдобро во Саудиска Арабија. Тој е во конфликт со тренерот Нуњо Еспирито Санто, кој се обидува да му ја промени улогата во тимот, но Бензема не сака ни да чуе за било каква смена, сметајќи дека зад себе има доволно блескава кариера за тренерот да се адаптира на него, а не обратно.

По конфликтите во последните денови, Санто го ја информирал управата дека Бензема не се вклопува во неговите тактички замисли. Португалскиот стручњак се надева дека ќе ја има поддршката на водечките луѓе во клубот, но медиумите тврдат дека тоа е голем ризик и Санто би можел наскоро да добие отказ.

Карим Бензема беше еден од играчите што ја почна „револуцијата“ со преселба од европскиот фудбал во Саудиска Арабија и тешко е да се поверува дека клубот ќе се реши веднаш да го продаде назад.

Се вчитува...