Почнува 102. НФЛ сезона – Осма титула за Брејди или Канзас Сити се враќаат на тронот?

Со натпреварот меѓу актуелниот шампион Тампа Беј Баканерс и Далас Каубојс вечерва ќе стартува 102. сезона во НФЛ лигата. Том Брејди ќе се обиде да стигне и до осмиот трофеј, откако со освојувањето на „Супербоул“ минатата сезона стана најтрофејниот ентитет во историјата на овој спорт. Тампа Беј се први фаворити во НФЦ конференцијата, додека како најголеми ривали се бројуваат Грин Беј Пакерс, ЛА Рамс и Сан Франциско 49.

Во АФЦ конференцијата први фаворити се минатогодишните финалисти и шампиони од пред две години Канзас Сити Чифс, а во игра за „Супербоул“ ќе бидат и Бафало Билс, ЛА Чарџерс, Кливленд Браунс, Балтимор Равенс и Тенеси Тајтанс.

Натпреварот меѓу Тампа Беј Баканерс и Далас Каубојс е закажан за вечерва по полноќ во 02.20 минути.

Се вчитува...