Со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор вечерва почнува 22. Светско фудбалско првенство. Овој шампионат ќе биде многу поразличен од сите други, бидејќи за првпат се игра во месец ноември, а причина за тоа се високите температури кои се во оваа земја во летните месеци.
32-репрезентации повторно ќе тргнат во директна битка за искачување на „фудбалскиот Олимп“ и преземање на „Златната божица“ во следните четири години.
Франција како актуелен шампион се соочува со многу проблеми, а последна во низата е повредата на Карим Бензема поради која асот на Реал Мадрид ќе мора да го пропушти Мундијалот. Иако, можеби пред година дена беа први фаворити за одбрана на титулата, нивниот коефициент и тоа како порасна во овој период. Бразил и Аргентина повторно ќе бидат адутот на Јужна Америка и ќе се обидат да ја спречат европската доминација по пауза од 20 години и освојувањето на петтата рекордна титула на Бразил на Мундијалот 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.
Германија, Англија, Португалија, Шпанија и Белгија и тоа како ќе има што да кажат, а меѓу изненадувањата се очекува да биде некоја од репрезентациите на Сенегал, Холандија, Данска и Србија.
„Мундовљубеници“ набавете орасници и пиво и уживајте во следните 29 дена со најголемата спортска смотра Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА