Битката која ќе ја водат Рафел Надал и Новак Ѓоковиќ за првата позиција на крајот од 2019 година го обележува АТП финалето во Лондон кое почнува денеска. Шпанецот во завршницата од сезоната влегува како лидер на АТП листата и се обидува да биде таму и на крајот од годината со што ќе дојде до шесто вакво постигнување во кариерата и ќе се израмни со Роџер Федерер и со Новак Ѓоковиќ.
Она што го одвојува Надал од двајцата големи ривали е и фактот дека тој никогаш не ја освоил титулата на Мастерсот во Лондон. Федерер има рекордни шест титули, додека Ѓоковиќ е на пет.
Which of these 8 players will be lifting that trophy? ?#NittoATPFinals pic.twitter.com/wDe2SrbGkH
— ATP Tour (@atptour) November 8, 2019
Пресметката за лидерската позиција секако е во фокусот, но за многу работи сепак ќе се прашуваат и останатите тенисери кои во текот од годината покажаа дека имаат квалитет да и пркосат на големата тројка.
Надал во групата „Андре Агаси“ покрај ланскиот шампион Александар Зверев ги доби и дебитантите Данил Медведев и Стефанос Циципас. Мечевите во оваа конкуренција почнуваат в понеделник, во првото коло ќе се сретнат Надал со Зверев, а Медведев со Циципас.
Турнирот денеска го отвораат мечевите од групата „Бјорн Борг“. Прв на распоред е дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини, а потоа е пресметката меѓу Роџер Федерер и Доминик Тим. Првопласираните и второпласираните од двете групи вкрстуваат во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА