Почнува „чистката“ кај Баварците: Двајца стопери си одат од Баерн Минхен

Баерн Минхен оваа сезона ќе се врати на шампионските патеки. Меѓутоа тоа не е доволно, со оглед дека тимот испадна од Лигата на шампионите, а финалето се игра токму на домашен терен во Минхен.

Затоа почнува „ремонтот“ во таборот на Баварците, и веднаш си заминуваат двајца дефанзивци. Станува збор за Ким Мин-јае кој не ги исполни очекувањата откако дојде од Наполи.

Баерн Минхен исто така ќе го продаде и Харики Ито. Ито, кој пристигна на почетокот на оваа сезона од Штутгарт, исто тка не ги оправда очекувањата.

Минатата година „Баварците“ го продадоа Матијс де Лихт на Манчестер Јунајед, но и натаму одбраната е најслаба алка и во оваа сезона.

Се вчитува...