Денеска во Германија со натпреварот меѓу Македонија и Франција започнува Европското првенство 2024 во ракомет, а Gorenje ви пренесува неколку интересни факти кои повеќето не ги знаат…
Европското првенство во ракомет за мажи се одржува во Германија од 10. до 28. јануари 2024 година на кое ќе се натпреваруваат 24 репрезентации. Од 1994 година и првото Европско првенство, само шест различни нации ја освоија титулата: Шведска, Франција, Шпанија, Данска, Германија и Русија. Ова е 16-то издание на турнирот и само трето на кое учествуваат 24 европски ракометни репрезентации, меѓу кои рекордот со пет европски трофеи (1994, 1998, 2000, 2002 и 2022 година) го држи Шведска, а по неа е Франција со три, Шпанија, Данска и Германија со две титули и Русија со една.
Овој шампионат повторно е поддржан од Gorenje, како еден од светските партнери, и четврти пат по ред, по Европското првенство во ракомет за мажи EHF EURO во 2018, 2020 и 2022 година. Gorenje за претстојното Европско првенство го подобри спонзорскиот пакет. Еден од новитетите е прикажувањето на снимките од Топ-5 головите, како и официјалното предвидување на резултатите од натпреварите преку официјалната EHF EURO апликација.
Дополнително, Gorenje за време на првенството ќе организира различни активности за време на полувремето, како и имплементација на веќе успешната спонзорска платформа #simplyfans, која им е добро позната на љубителите на европскиот ракомет и фудбал од 2017 година.
Интересни факти за ракометот
Ракометот потекнува од Римската империја, а модерниот формат на играта е формиран во Ирска во 1850 година. Официјалните ракометни правила биле запишани во Берлин на 29 октомври 1917 година од Карл Шеленц, а првиот официјален ракометен натпревар се одржал во Германија истата година.
Според официјалната статистика за брзина на игра, само хокејот на мраз, од сите екипни спортови, се смета за побрза игра од ракометот, а денес во светот има 1.300.000 ракометни екипи со повеќе од 30 милиони активни ракометари.

Досегашното учество на Македонија/Југославија
Ракометната репрезентација на СФР Југославија за прв пат го привлече вниманието на светската јавност во 1970 година, кога го освои првиот медал на Светското првенство во Франција.
Европското првенство во Италија, во 1998 година, било првото европско првенство на кое настапила репрезентацијата на Македонија. На ова првенство, на конечната табела на првенството, Македонија завршила на последното, 12 место.
Европското првенство во Србија, во 2012 година, е второто европско првенство на кој Македонија зела учество. Победата на Чешка со 21:27, ремито со Шведска 26:26 и поразот од еден гол од Германија 23:24, беа доволни за втора фаза во која Македонија забележа победа над Полска со 25:27, болен пораз во последната секунда од Данска со 33:32, како и триумф над Србија со 19:22. Тоа беше доволно за меч за петто место, кој македонската репрезентација го доби против Словенија со 28:27 и воедно, до денес, ова првенство останува запаметено како првенство на кое репрезентацијата на Македонија го постигна својот најдобар резултат.

Ракометен спектакл во 2024 година
Меркур Шпил-Арената во Дизелдорф напорно се подготвува за настан кој ќе се обиде да го собори претходниот рекорд на посетеност на 10 јануари – се предвидува дека најмалку 50.000 навивачи ќе присуствуваат на првиот ден од натпреварувањето и на отворањето на Европскиот ракометен спектакл! Ако е така – ќе биде соборен светскиот рекорд по посетеност на ракометни натпревари досега.
Финалето ќе се игра во Келн, а нашата репрезентација е во групата А заедно со Франција, домаќинот Германија и Швајцарија. Селектор на македонската репрезентација од 2021 година е Кирил Лазаров и ќе ја води нашата селекција со 22 официјално пријавени играчи и на овој шампионат на EHF EURO 2024 година, а се надеваме во сите 17 натпреварувачки дена!
Ќе се одиграат вкупно 65 натпревари, а генералниот спонзор, компанијата Gorenje, овојпат на публиката ќе и донесе уште еден интересен детал од теренот – Топ-5 голови, кои ќе ги потсетуваат гледачите пред телевизиските екрани и во сала на најдобрите моменти од претходно одиграните натпревари.
Покрај тоа, бидејќи Gorenje e љубител на совршенството и како официјален партнер на Европското првенство во ракомет за мажи EHF EURO 2024, настојува да ги поедноставни вашите домашни обврски и да ви даде поддршка да уживате во она што најмногу го сакате.

Здружете се со неверојатни големи и мали домашни апарати на Gorenje за да го поедноставите вашиот живот и изберете ги шампионите за вашиот дом сега по промотивни цени.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

