Почнува финалето: Што може ТФТ против доминацијата на МЗТ Скопје?

Со вечерашниот дуел во „Јане Сандански“ во 19.30 часот и официјално ќе биде означен стартот на финалната серија во плејофот во која МЗТ Скопје ќе го брани трофејот против екипата на ТФТ.

„Металците“ се актуелни шампиони, тим што стигна до титулата во 11 од претходните 12 сезони на македонската кошаркарска сцена. Аеродромци убедливо стигнаа до куп-трофејот пред неколку месеци, а во плејофот славеа со максимални 3-0 и во четвртфиналето против Феникс и во полуфиналето со Куманово.

Сепак, против себе во ова финале ќе го имаат ТФТ, тим што веќе покажал дека игра најдобро без притисок, клуб што веќе испиша историја со самиот пласман во финалето, но и екипа што јасно става до знаење дека не планира без борба да се предаде. Идентично како и МЗТ, така и ТФТ во претходните две рунди од плејофот славеше со максимални 3-0 над Чаир и Работнички, па тимот на Боро Смилковски со зголемена самодоверба ќе влезе во оваа финална серија.

МАЛКУ ИСТОРИЈА ЗА ФИНАЛЕТО

*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 19. финална серија…

*По тринаесетти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј

*МЗТ Скопје (Аеродром) има 11  победи и 7 порази во финалето

*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички

*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен од екипата на Фени Индустри (4-1 во финалето)

*За прв пат, ТФТ атакува на својата прва шампионска титула

*Ова ќе биде прва финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата

*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15 титули

*Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица, Фени Индустри…

Се вчитува...