Фудбалската федерација во договор со Светската куќа на фудбалот (ФИФА) во следните неколку години во натпреварувањата кои ги организира ќе воведе пет нови правила. Ако експериментот се покаже како успешен, се очекува некои од нив и глобално да бидат воведени, тоа е заклучокот од дводневниот состанок во Холандија во кој покрај преставници од Холандија и од ФИФА учествуваа и луѓе од американската, германската, англиската и белгиската фудбалска федерација.
Новите правила кои пробно ќе се тестираат во Холандија се, изведување на аут со нога, додавање сам на себе од слободен удар, исклучување на фудбалер на неколку минути, неограничен број на замени и сметање на чиста игра.
Холанѓаните правилата прво ќе ги воведат во младинските лиги, потоа во аматерскиот фудбал, а преку купот новите правила ќе стигнат и во првата фудбалска лига на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА