Со натпреварот меѓу актуелниот шампион Кајрен Вилсон и Леи Пејфан денеска почнува Светското првенство во снукер 2025 година кое се игра во легендарниот Крусибл театар во Шефилд.
Актуелниот шампион е и еден од најголемите фаворити за одбрана на трофејот откако има одлична сезона. Како втор фаворит е Џад Трамп со кого веќе неколку пати годинава се сретнаа во финалето на рангирните турири, во кои за нијанса подобар беше Вилсон.
Претходните две години добивме нови шампиони во Крусибл во имињата на Вилсон и Лука Бресел, но годинава тоа нема да биде случај. Фаворитите имаат голема предност пред останатите играчи.
Интересно е тоа што Кина во главниот ждреб годинава ќе има рекорден број на натпреварувачи (10).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА