Со четири натпревари вечерва ќе стартува новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Титулата од минатата сезона ја брани германскиот Магдебург кој изненадувачки стигна до трофејот на Ф4 турнирот во „Ланксес арената“ во Келн.
На Германците годинава не им се даваат големи шанси за освојување на титулата, а меѓу фаворитите се вбројуваат: Барселона, Пари Сен Жермен, Кјелце, Веспрем, Кил, како и новите скандинавски проекти Алборг и Колштад.
Македонија по пауза од една година повторно ќе има свој претставник во името на Еурофарм Пелистер кој по долга пауза прави кам-бек во елитата.
Распоред на натпревари: Е. Пелистер – Колштад, Кјелце – Алборг, ГОГ – Целје и Монпелје – Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА