Кошаркарската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пресрет натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2023 против Шпанија и Украина. Првиот
Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот Куп 2023, на 26. ноември, во Скопје, играме против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот (директен пренос на Спорт Клуб). По средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев.
Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10, а вечерните од 18.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“.
Согласно планираното на стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот со „црвената фурија“, на 26. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА