Првото коло од новата фудбалска сезона во Лигата на шампионите во новиот формат ќе се игра во следните три дена.
Во Лигата на шампионите во новиот формат ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.
Групната фаза на ЛШ ќе трае од 17. септември оваа година до 29. јануари 2025 година. Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛШ, додека клубовите од 9 до 24 место ќе играат за пласман во осминафиналето. Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. ќе ја завршат сезоната.
Најатрактивниот натпревар од првото коло ќе се одигра на „Сан Сиро“, каде фудбалерите на Милан ќе го пречекаат Ливерпул. Овие два клуба често играа еден против друг во последните дваесет години и нивните натпревари привлекоа големо внимание, a посебно се памети финалето од Истанбул во 2005 година кога Ливерпул се врати од три гола негатива.
Двојки од 1.коло во Лигата на шампионите:
Вторник, 17 септември:
(18.45) Јувентус – ПСВ
(18.45) Јанг Бојс – Астон Вила
(21.00) Милан – Ливерпул
(21.00) Реал – Штутгарт
(21.00) Спортинг – Лил
Среда, 18 септември:
(18.45) Болоња – Шахтјор
(18.45) Спарта – Салцбург
(21.00) Клуб Бриж – Борусија Дортмунд
(21.00) Селтик – Слован
(21.00) Манчестер Сити – Интер
(21.00) Пари Сен Жермен – Жирона
Четврток, 19 септември:
(18.45) Црвена звезда – Бенфика
(18.45) Феенорд – Баер Леверкузен
(21.00) Аталанта – Арсенал
(21.00) Атлетико Мадрид – Лајпциг
(21.00) Монако – Барселона
(21.00) Брест – Штурм .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА