Со женскиот велеслалом во Солден денеска ќе стартува новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Американката Микаела Шифрин по целата животна клацкалка која ја имаше со смртта на својот татко, би требало конечно да биде максимално подготвена за освојување на нова титула во генералниот пласман во Светскиот куп. Титулата од минатата година ја брани Словачката, Петра Влхова.
Сепак, и покрај големите возбудувања кои ќе бидат со нас се до крајот на март следната година, круната на сезоната ќе бидат Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година.
Мажите својот премиерен велеслалом ќе го имаат ден подоцна во недела, а титулата од минатата година ја брани, Французинот, Алекис Пантуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА